MK | EN | SQ

StopKorona!

МЕРКИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Апликацијата StopKorona! (во натамошниот текст Апликацијата) e БЕСПЛАТНА (и засекогаш ќе остане бесплатна), така што апликацијата која ја преземате доброволно на Вашиот мобилен уред и овозможува процес на следење на изложеност. Единствено со Ваша согласност, апликацијата разменува Bluetooth-сигнали со мобилните телефоните во непосредна близина кои исто така ја имаат ја имаат активирано Апликацијата. Оттаму, Апликацијата помага на тој начин што им дава информација на здравствените органи за тоа со кои лица бил во близина заразениот во претходните 14 дена.

Намената за која се користи Апликацијата е единствено заради поголема заштита на здравјето. Информациите кои апликацијата ги доставува до Министерството за здравство се неопходни во областа за јавното здравство како мерка за заштитa и спречување на ширењето на вирусот, така што на тој начин и ние сме посветени кон преземањето на сите мерки за заштита на Вашата приватност и зачувување во целост на Вашата контрола врз податоците кои се зачувани во вашиот мобилен телефон.

АПЛИКАЦИЈАТА ЧУВА И СОБИРА ОГРАНИЧЕНИ ИНФОРМАЦИИ

Единствените Ваши податоци кои го чува Министерството за здравство се:

  • Вашиот мобилен телефонски број
  • Уникатен Произволен Код (во натамошниот текст УПК) за корисничка идентификација,
    [на пример: g6j4mjdl8 ]

Штом ќе се регистрирате на апликацијата, УПК се поврзува со вашиот мобилен број на безбеден централен систем со целосна заштита. Регистарот на УПК-кодови се запишува во енкриптирана форма за која клучот го имаат единствено овластени лица од Министерството за здравство (МЗ).

АПЛИКАЦИЈАТА НЕ СОБИРА ПОДАТОЦИ ЗА ВАШАТА ЛОКАЦИЈА

Апликацијата не следи ниту собира податоци за вашето движење и локација. Со употребата на Bluetooth-технологија се утврдува единствено вашето растојание од други мобилни телефони на кои е активна истата апликација.

АПЛИКАЦИЈАТА НЕ РАЗМЕНУВА ПОДАТОЦИ ЗА ЛИЧНИОТ ИДЕНТИТЕТ

Кога сте во близина на друг мобилен телефон со активна апликација, двата телефона користат Bluetooth-протокол за да разменaт исклучиво УПК кодови без дополнителни податоци од корисниците на Апликацијата кои се нашле во непосредна близина.

УПК-КОДОВИТЕ ОД МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ ШТО СЕ НАОЃААТ ВО ВАША БЛИЗИНА, СЕ ЧУВААТ НА ВАШИОТ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

Ако е активна Апликација на Вашиот телефон, УПК-кодовите од други корисници во Ваша близина се зачувуваат на Вашиот телефон и обратно. Па така, ако Вие и/или корисникот на телефон кој бил во Ваша близина се уврди дека е заболен со COVID-19, Вие или другото лице самостојно донесувате одлука дали на Министерството за здравство ќе му дадете пристап до податоците зачувани во мобилниот телефон кои не содржат мобилни броеви туку само листа на УПК-кодови кои може да ги декриптираат единствено овластени лица од Министерството за здравство. Листата на УПК-кодови зачувана на Вашиот телефон автоматски се чисти од податоци постари од 14 дена и за нов не постои можност да бидат испратени од Министерството за здравство.

ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ САМО ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛНА ИЗЛОЖЕНОСТ НА COVID-19

Откако на Министерството за здравство ќе му дозволите пристап до податоците од Вашиот телефон, овие податоци ќе се користат единствено за пронаоѓање на лицата кои би можеле да бидат потенцијално инфицирани со COVID-19.

АПЛИКАЦИЈАТА ЌЕ КОМУНИЦИРА САМО ОДРЕДЕНО ВРЕМЕ СО МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ ВО ВАША БЛИЗИНА

По своја слободна волја можете да ја оневозможите функционалноста на апликацијата во секое време со исклучување на дозволата за Bluetooth преку апликацијата или со бришење на апликацијата.

ВИЕ ИМАТЕ КОНТРОЛА НА ПОДАТОЦИТЕ И МОЖЕТЕ ДА ЈА ОТПОВИКАТЕ СОГЛАСНОСТА ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ

Во секое време Вие можете да ја отповикате согласноста за чување на Вашиот телефонски број преку отворање на паѓачкото мени во горниот десен агол во отворената апликација и селектирање на опцијата Избриши податоци.

По оваа активност преземена од Ваша страна, апликацијата ќе ви појави нотификација со следнава порака: „Ќе бидат избришани сите пратени податоци и информации од регистрацијата. ОТКАЖИ / ИЗБРИШИ", каде повторно ќе имате можност да изберете помеѓу ОТКАЖИ или ИЗБРИШИ. Доколку одберете ИЗБРИШИ, Вашиот мобилен број трајно ќе биде избришан од нашиот сервер. Исто така, сите податоци што вашaта апликација ги зачувала, податоците што веќе сте ги пратиле, како и анонимните кодови за вашата апликација во другите апликации со кои сте биле во близина ќе бидат трајно избришани од нашиот сервер.